Donesuvanje i izmena na ustav
(makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 8 | Nivo:
Pravni Fauktet – Skopje
Најголемиот број на земји во современиот свет го поседуваат уставот како правен акт со најголема правна сила и притоа уставот го завзема највисокото место во хиерархијата на правните прописи. Уставот е акт кој од другите правни прописи се разликува по начинот на донесување и по постапката во која тој се донесува. Со Уставот се уредуваат основните и најзначајните начела на друштвеното и државното уредување . Со други зборови како што нагласува М.Јовичич “Уставот преставува услов sine qua non за секое државно уредување.Оваа битна карактеристика на современите држави почнува да се развива кон крајот 18 век кога во одредени држави се донесуваат првите пишани устави.Иако настанокот на одредени правила или прописи кои се однесуваат на уставната материја, независно од тоа каде се појавиле , каде и на кој начин настанале непосредно се поврзани со настанокот на државата и правото , иако се до пред два века државите не поседувале устави во формална смисла . Во овој долг временски период од настанокот на државата и правото, па до појавата на првите пишани устави , во државите потоеле пишани правни акти или непишани правила кои се однесувале на организацијата на власта, органите на власта нивниот статус и надлежност . Важно е да се истакне дека сите правни акти или правни правила кои ја уредувале организацијата на власта и надлежностите на органите на власта неможат да се сметаат за устав во права смисла на зборот иако нивната содржина наликува на делови од уставот. Уставноста во современото значење настанува со конституирањето на државите како политички заедници, па и современото значење на уставот се поврзува со периодот на создавање на модерните држави. Во тие преломни времиња донесувањето на уставот значело воедно и поставување темели за квалитативно различна заедница “ Ако го истражуваме почетокот на модерните устави” нагласува К. Вер “ ке видиме практично и без исклучоци дека тие устави се всушност напишани и усвоени затоа што народот , кога станува збор за нивниот систем на владеење сакал да тргне од нов почеток. После појавата на првите пишани устави, во наредните два века нагло се зголемува бројот на пишаните устави во светот. Денес најголемиот број земји во светот поседуваат свои пишани устави. Со самиот развиток на уставноста , од голем број причини многу земји ги менувале своите устави или донесувале нови устави. Во развојот на уставноста на една земја се среќаваат повеќе измени на уставот, или повеќе посебни устави што е почест случај. Во врска со донесувањето на уставот можно е, во основа да разликуваме две ситуации: една е кога државата го донесува својот прв устав а друга е кога државата веќе има устав па донесува нов устав. И едната и другата ситуација ги поврзуваат извесни заеднички карактеристики. Така за првата од нив карактеристично е тоа што државата која го донесува уставот до донесување на истиот не поседувала устав што значи не постоеле посебни правила по кои би се донел првиот устав . Другата ситуација е важна по тоа што државата која го донесува уставот веќе има устав , во тој случај веќе постојат пропишани правила како што се: постапка и надлежен орган кој донесува одлука за ревизија на уставот и други правила по кои се донесува еден устав. Државите својот прв устав го донесуваат под различни околности. Постојат разлики помеѓу државите со оглед на околностите во кои се донесува првиот устав. Во првиот случај државата е формирана и постои како државна заедница , и го донесува својот прв устав . Втората ситуација е кога новоформираната држава , значи заедница која до тогаш не постоела како државна заедница го донесува својот прв устав. Постои и една друга ситуација која денес ретко се среќава, а тоа е кога донесувањето на првите устави во држави кои веќе биле оформени како државни заедници , тоа е карактеристично за периодот во кој , почнувајќи од крајот на 18 век влијанието на друштвените околности и политичките прилики ја условило појавата на првите устави. Приликите се разликувале од земја до земја, по првите устави кои се донесувале во различни земји во различно време. Моментот на донесување на првиот устав , во зависност дали тоа било порано или подоцна , како и приликите во кои е донесен уставот несомнено зборуваат за степенот на подготврноста на определено друштво за прифакање на уставното уредување . Во веќе формираните државни заедници првите устави се донесувани во подолг период , а времето на донесување е различно од земја до земја . До донесување на првиот устав не доага сам
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!